Во периодот од 3 до 6 октомври 2024 година во Фиренца, Италија, се одржа Интернационалната Педијатриска Академија за Нутриција. Настанот беше организиран во соработка помеѓу Здружението на педијатри на Македонија и Турското Педијатриско Здружение. Академијата беше свечено отворена од страна на Prof. Dr. Haluk Cokuğraş, кој во својот воведен говор изрази благодарност кон Здружението на педијатри на Македонија и претседателката, проф. д-р Аспазија Софијанова, за долгогодишната соработка и пријателство. Во таа прилика, проф. д-р Софијанова беше одликувана со плакета како знак на благодарност. Програмата на Академијата беше исполнета со бројни стручни предавања посветени на значајноста на нутрицијата и нејзиното влијание врз нормалниот раст и развој на децата, како и на предизвиците поврзани со нарушувањата во исхраната. Здружението на педијатри на Македонија останува посветено на соработката со стручните здруженија од Балканот и Европа, со цел постојана едукација на педијатрите и унапредување на здравјето на децата.

Препорачани објави