Здружението на педијатрите на Македонија (ЗПМ) е основано 1946 година како Педијатриска секција на Македонија а од 1991 година се регистрира под денешното име. Оваа година се прослави 100 години од раѓањето на првиот претседател Харалампие Манчев. На почеток броеше мал број на членови (3 педијатри од Клиника за детски болести за да денеска препрасне во едно од најбројните Здруженија при Македонското лекарско здружение со 550 членови-специјалисти педијатри, специјалисти по школска медицина и општи лекари кои работат со деца)

Мисија на ЗПМ е унапредување на медицинските науки од областа на грижата за здравјето на децата, зачувување и унапредување на угледот и достоинството на лекарската професија и заштита на интересите на лекарите. Здружението е главен носител на континуираниот професионален развој на лекарите кои се грижат за здрајето на децата преку организација на конгреси, симпозиуми, стручни состаноци и педијатриски школи.На тој начин континуриано го унапредува стручното знаење на своето членство и ја негува и развива лекарската етика. Како посебна активност е формирањето на Комисијата за реформите во здравството која ги следи промените во здравствената политика за местото на педијатарот во грижата на детето. Од 2006 година Здружението почна да издава свое списание Педијатриски информатор. Преку ова гласило членовите се информираат за активностите на Здружението а постепено прераснува и во списание во кое се објавуваат и стручни содржини кои се од интерес на членовите.

Здружението на педијатрите е член на повеќе меѓународни асоцијации како што се Интернационалната педијатриска асоцијација, Унијата на европските специјалисти по педијатрија и Европската педијатриска академија.

Во последните години Здружението почна со соработка со стручни медицински и други организации со заеднички интерес за сигурност и здравје надецата. Благодарение на овие активности се склучија договори за асоцијативно членство со повеќе фирми трудејќи се на нашите деца да им обезбедиме сигурно, безгрижно и здраво детство.

Визија:
Секое дете има право на највисок стандард на здравствена заштита што ќе му овозможи правилен раст и развој.

Мисија:
Педијатрите во соработка со останатите здравствени работници но и со населението да бидат лидери во промоција на физичко, ментално и социјално здравје на сите деца обезбедувајќи највисоко ниво на здравствен а заштита на децата од 0-18 години.

Задачи:

  • врвна стручност и знаење во областа на здравствената заштита на децата;
  • користење на медицина базирана на докази во секојдневната работа;
  • посебно внимание на превенција на болести;
  • континуирано ќе ја следи здравствената заштита на децата и ќе спроведува едукација согласно актуелните потребите на лекарите кои се грижат за здравјето на децата;
  • партнерство со институции и организации кои се грижат за здравјето на децата;
  • промоција на здравјето на децата и застапување правата на децата за здрав и сигурен живот;
  • национална и интернационална соработка со здруженија .