Здружението на педијатрите на Македонија и во текот на изминатата година ја потврди својата улога како клучен носител на стручната, едукативната и научната активност во областа на педијатријата. Преку континуирана организација на симпозиуми, стручни состаноци и едукативни настани, Здружението активно придонесува кон унапредување на педијатриската здравствена заштита и професионалниот развој на педијатрите во државата.
Во текот на годината беа реализирани повеќе настани, со фокус на современи предизвици во педијатријата. Посебен акцент беше ставен на интердисциплинарниот пристап и примената на најновите научни препораки во секојдневната клиничка пракса.
Оваа година во Мај се организираше Симпозиум насловен ,,Улогата на педијатарот во примарната здравствена заштита’’ каде се отворија најважните прашања за позицијата и предизвиците на педијатарот со системот на примарна заштита- од европски искуства до домашни предизвици.
Потоа следуваше Nutrition Science Academy Pediatrics Meeting кој беше организиран во Валенсија, Шпанија заедно со Турското Педијатриско Здружение, каде учествуваа предавачи од нашата Земја и од Европа а со тоа се зајакна соработката на интернационално ниво.
Есента ја започнавме со Стручен состанок за превенција кај детската обезност и важноста за стекнување на навики за здрава исхрана кај децата. Покрај здравата исхрана една од клучните работи за заштита на децата е имунизацијата. На таа тема во Ноември месец Здружението организираше состанок на тема ,, Гардасил 9- Една вакцина за сите ‘’ каде беа разменети искуства и преставени досегашните достигнувања во имунизацијата за ХПВ инфекциите и асоцирани болести.
И крајот на годината Здружението учествуваше на настанот ,,Херои во сите бои’’ каде уште еднаш Претседателката на Здружението застана рамо до рамо со нашите херои, децата со аутизам и нивните родители, како најголем поддржувач и поборник за подобар и поквалитетен живот на овие пациенти.
Во рамки на својата мисија, Здружението продолжи да ги поддржува младите лекари и специјализанти преку едукативни работилници, курсеви и менторски активности, препознавајќи ја важноста на континуираната медицинска едукација како основа за квалитетна и безбедна здравствена грижа за децата.
Покрај стручната дејност, Здружението на педијатрите на Македонија активно се вклучи и во активности од јавноздравствено значење, со поддршка на кампањи за превенција, рана детекција на заболувања и унапредување на здравствената писменост кај родителите и пошироката јавност.
Со јасна визија и континуирана посветеност, Здружението на педијатрите на Македонија останува силен партнер на здравствениот систем и релевантен фактор во креирањето и имплементацијата на современи педијатриски стандарди, со единствена цел – подобро здравје и квалитетен живот за секое дете.







