После две успешно реализирани школи, во периодот од 26 до 28 октомври 2022 година, во хотелот „Хилтон“ во Скопје, се одржа трета балканска школа на Здружението на педијатри на Македонија. Европската Педијатриска Асоцијација (EPA) во 2015 година ја избра Македонија, преку Македонското здружение на педијатри, да биде домаќин на Балканската школа за педијатрија, која се организира во интервал од две години.


На настанот присуствуваа околу 300 медицински професионалци. Темите на школата беа фокусирани на: ретки болести, неонатологија, аутизам, неврологија, имунизација и пулмологија со алергологија. Големиот интерес од страна на медицинските работници од земјата и регионот ја потврдија нашата способност да бидеме добри домаќини. Школата претставуваше одлична можност за размена на искуства, нови знаења и усвојување на регионални алгоритми, како и за социјална комуникација.


Тридневниот настан вклучуваше по две работни сесии дневно, како и комерцијални предавања од страна на спонзорите. Компании од фармацевтската индустрија, кои ја препознаа важноста на настанот, активно учествуваа.


Настанот, освен што ги зближи медицинските професионалци од регионот, создаде основа за идни иновации, подобрување на стручните практики и зајакнување на соработката во полето на педијатријата.

Препорачани објави