Стручниот состанок на тема „Соматрогон – првиот хормон за раст со еднонеделна апликација во Северна Македонија“ се одржа на 7 ноември 2024 година во Скопје, во организација на Здружението на педијатри на Македонија во соработка со компанијата Pfizer. Состанокот беше свечено отворен од страна на проф. д-р Аспазија Софијанова, претседателка на Здружението, која воедно ги покани предавачите: проф. д-р Елена Шукарова Ангелковска, проф. д-р Александра Јанчевска и проф. д-р Марина К. Константинова од Одделот за ендокринологија и генетика при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје.




